ПОДАТОЦИТЕ ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО АВГУСТ СЕ ПОПОВОЛНИ ОД ЈУЛСКИТЕ Гувернерот се надева дека овој тренд ќе продолжи

133

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески истакна дека охрабрува фактот што податоците за инфлацијата во август се поповолни од оние во јули и се надева дека тој тренд ќе продолжи.

– Имавме за 0,4 процентни поени на годишна основа, намалување месец за месец и мислам дека овој тренд ќе продолжи. Ние ќе постапиме соодветно на околностите и она што се сѐ уште предизвици од аспект на движењето и на базичната инфлација и за некои непредвидливи шокови во иднина – појасни Славески.






Одговарајќи на новинарско прашање дали Народната банка размислува за намалување на основната каматна стапка, со оглед дека Американските федерални резерви ја намалија минимално каматата, гувернерот рече дека ние се раководиме од состојбите што се присутни во нашата економија.

– Сосема се различни околностите. Ние се раководиме од состојбите што се присутни во нашата економија, проценките, проекциите, движењето на стапката на инфлација – рече Славески.

 

Поврзани содржини