ПОДАТОЦИТЕ НЕ БИЛЕ „СЕЈФ“, ЗАТОА СДСМ НЕМА ДА ГО ПОДДРЖИ „СЕЈФ СИТИ“ Филипче нема да гласа за измените на Законот за прекршоци

425

СДСМ нема да ги поддржи измените на Законот за прекршоци за да профункционира системот „Безбеден град“, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција, во одговор на новинарско прашање.

– Во однос на системот „Безбеден град“ и Законот за прекршоци, ние тој закон нема да го поддржиме. Ние не сме против безбедноста во сообраќајот, доказ за тоа е што сме го почнале. Меѓутоа, не можеме да дозволиме системот парцијално да се имплементира. Освен тоа што сме за безбедност во сообраќајот, ние сме и за безбедност и на податоците, што повторно власта ниту го коментира, ниту се обидува да го регулира. Седнаа на маса на лидерската средба, се договорија, ќе видиме што е друг резултат – договор од тој „пазар“ – рече Филипче.






Тој додаде дека СДСМ „не е контролирана опозиција и нема да си дозволи да поддржи закон во кој сериозни аспекти не се регулирани, а тоа е огромната база на податоци за којашто никој во законот не укажува како ќе се контролира“.

Во однос на членовите на СДСМ во Државната изборна комисија, Филипче потврди дека за претседател го предложиле Бојан Маричиќ, а за член досегашниот претседател Борис Кондарко.

– Мислам дека се докажани професионалци, правници, имаат огромно искуство и добро ќе ја извршуваат својата работа – рече Филипче.

 

Поврзани содржини