ПОДАТОЦИ ЗА СМРТНОСТ ЕЛЕКТРОНСКИ ЌЕ СЕ РАЗМЕНУВААТ СО АВСТРИЈА Договорот ќе се потпише во јуни

Двете страни очекуваат Договорот да овозможи поефикасна размена на податоците, со што ќе се забрза процесот на остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија.

0

Работни групи на Фондот на ПИОМ и на институциите за задолжително пензиско осигурување од Австрија ја одржаа втората работна средба за подготовка и усогласување на Договорот за редовна размена на давања податоци за смртност. На средбата учествуваа Институција за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS) и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и Рударска индустрија (BVAEB) од Австрија.

На состанокот се усогласуваа начините на размената на податоците и правната рамка, како и техничките детали за идната електронска размена на податоците.






Двете страни очекуваат Договорот да овозможи поефикасна размена на податоците, со што ќе се забрза процесот на остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија.

Подготовката и потпишувањето на Договорот се дел од активностите на Фондот на ПИОСМ за унапредување на соработката со странските фондови и институции, во насока на зголемување на ефикасноста во остварувањето на правата од пензиско и инвалидско осигурување преку електронската размена на податоци.

Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност би требало да биде потпишан на средбата на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија којашто ќе се одржи во Марибор, Република Словенија во јуни оваа година.

Поврзани содржини