ПОДАРОК ЗА ТАРА ЃОКОВИЌ БИ БИЛА ПОБЕДА ПРОТИВ ТЕЈЛОР ФРИЦ Новак е тажен што ќе го пропушти роденденот на ќерка си

Таа не беше многу среќна што нема да бидам таму на роденденската забава, затоа ве молам не ме потсетувајте на тоа. Ќе се обидам да победам. Додека сум тука, барем ќе се обидам да победам и ќе ѝ дадам таков подарок, изјави тенискиот ас на прес-конференција по натпреварот со Јан-Ленард Штруф.

507

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти роденденот на неговата ќерка Тара на 2 септември поради мечот со Тејлор Фриц во четвртфиналето на УС Опен. Тенисерот пред камерите призна дека не му е сеедно за неговата одлука.

– Така е. Предвидувавме дека тоа може да се случи. Таа не беше многу среќна што нема да бидам таму на роденденската забава, затоа ве молам не ме потсетувајте на тоа. Ќе се обидам да победам. Додека сум тука, барем ќе се обидам да победам и ќе ѝ дадам таков подарок. Секако, ќе пратам и убави подароци и убави изненадувања, но се надевам дека и таа ќе биде среќна со победата. Повторно, не е исто кога тато е тука и кога го нема. Знам тоа, но така е оваа година – рече Новак на прес-конференцијата по натпреварот со Јан-Ленард Штруф.






Кога пристигна на Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ нагласи дека тенисот сега не му е прв приоритет и дека избира каде, кога и колку ќе игра во однос на неговото семејство.

И тогаш славниот тенисер го спомена роденденот на Тара.

– Ги избирам турнирите врз основа на тоа како се чувствувам и моите приоритети во животот. Семејството е на прво место и морам да бидам таму за најважните моменти. Кога сме веќе кај тоа, можеби ќе го пропуштам роденденот на мојата ќерка, кој е на 2 септември. Ако играм добро и сè уште сум тука, секако… Тоа се работи што повеќе не сакам да ги пропуштам – нагласи Ѓоковиќ.

Минатата година, Новак не го пропушти роденденот на неговата ќерка бидејќи неочекувано беше исфрлен од турнирот. Беше поразен во четвртото коло, два дена пред роденденот на Тара.

И покрај здравствените проблеми, Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на УС Опен. Тој го победи Јан-Ленард Штруф од Германија со 6:3, 6:3, 6:2, и со тоа закажа дуел со Тејлор Фриц во следната рунда.

Поврзани содржини