ПОДАРОК ЗА СИТЕ ДАМИ ЗА 8 МАРТ Здравко Чолиќ по пет години издаде нова песна (ВИДЕО)
Судејќи по коментарите на Јутјуб, песната на многумина им се допаднала.
По пет години, Здравко Чолиќ вчера премиерно ја изведе песната „100 дукати“, која воедно е подарок за сите дами за празниот 8 март.
Музиката за „100 дукати“ ја направи познатиот пејач Саша Матиќ, текстот го напиша Милош Смиљаниќ Зуца, а аранжманот го обработи Никша Братош. Новата песна е објавена и на официјалниот јутјуб-канал на Здравко Чолиќ, а во тек е снимањето на спотот.
„Драги пријатели, ви подаруваме нова песна – „100 дуката“. Среќен 8 март на сите дами“, се наведува на Инстаграм профилот на Здравко Чолиќ.
Судејќи по коментарите на Јутјуб, песната на многумина им се допаднала.
„Песната е совршена. Што да очекуваме друго од Здравко Чолиќ. Човекот има над 150 хитови, а со оваа песна дополнително ќе ја дополни таа листа“, напишал некој корисник на Јутјуб.
Чолиќ во текот на пандемијата на коронавирусот направи подолга пауза и не објавуваше нови песни. Денот на жените беше совршен датум да се претстави на публиката со нешто ново.