Во пресрет на новогодишните празници често знаеме да дозволиме да нѐ обземе празничната хектика и да заборавиме на она што е најважно во овој период, а тоа е времето и вниманието кое го посветуваме на нашите најблиски.
– Филмските сцени од целото семејство собрано пред новогодишната елка или на празничната трпеза стануваат реалност и секојдневие, а истото ова се пресликува и на работното место. Насмеани колеги и колешки, украсени деловни простории и прекрасно предновогодишно расположение. И секако, како неизоставен дел од новогодишната магија – размената на мали симболични подароци. А, токму затоа сме ние тука, да Ви понудиме едноставен и брз начин да дојдете до соодветен подарок, независно дали станува збор за членовите на вашето семејство, деловни партнери или едноставно за некоја драга личност во вашиот живот – велат од dm.
Како новогодишен подарок, вредносните ваучери се одличен избор, не само за индивидуални подароци за Вашите најблиски, туку и за компании кои сакаат на своите колеги и колешки да им го честитаат празниците, за што се нуди и можност за плаќање на фактура.
Благодарение на неговата удобност, насекаде во светот ваквиот вид на дарување е многу проширен и популарен, а благодарение на мотивите вредносните ваучери од dm совршено се вклопуваат како подарок за секоја прилика. Ваучерите може да се набават во сите dm дрогерии во вредност од 350, 500 и 1.000 денари, а сопственикот на вредносниот ваучер може да го искористи како платежно средство во сите дрогерии на dm и да си ги набави своите омилени производи.
Повеќе информации можете да најдете на веб страницата на dm Подарок ваучери | dm Македонија
За повеќе информации обратете се на e-меил адресата: [email protected] или на телефонскиот број (02) 3222 733.
– Среќни и весели празници – ви посакува dm.