ПОДАРЕН ЖИВОТ НА НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ Храбро семејство одлучи да ги донира органите на својот близок
Од МЗ наведоа дека еден млад пациент добил срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти, како што додадоа, во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.
Едно храбро семејството вчера одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт. По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега, соопштија од Министерството за здравство.