📷 ПОД МРЕЖЕСТАТА МАИЦА САМО ГРАДНИК Сите гледаат во стајлингот на Ана Николиќ, шлиц до колкот

Српската пејачка Ана Николиќ во последно време често предизвикува многу реакции со своите објави на социјалните мрежи, а сега ги изненади сите со својот стајлинг.

1,116

Српската пејачка Ана Николиќ во последно време често предизвикува многу реакции со своите објави на социјалните мрежи, а сега ги изненади сите со својот стајлинг.

Имено, Ана позираше во долго здолниште до подот со шлиц до колкот. Носела мрежест топ само со црн градник одоздола, а и покрај тоа што било темно надвор, таа позирала со очила за сонце на лицето.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Ана во описот на фотографијата објавила дека ја снимила нејзината ќерка Тара.

Инаку, Ана Николиќ е во врска со композиторот Горан Ратковиќ Рале. Ана и Рале проговорија за својата свадба, но и за љубовните проблеми во емисијата „Сцена“ која се емитува на Телевизија Блиц.

Рале ја најави свадбата, но Ана се пожалила дека не добила прстен.

– Тој зборуваше за свадбата, јас ништо не реков. Немам прстен, Рале, огласи се! Кога ќе биде прстенот, ќе го видите, мора да биде воочлив! Нас Рале не нè запросил, мене и моите личности во мојата глава, не. Мислам дека се подготвува да ме запроси, јас верувам во тоа – изјавила Ана во емисијата „Сцена“.

 

Поврзани содржини