ПОД КОНТРОЛА Е ПОЖАРОТ ВО БЛИЗИНА НА АКВАДУКТОТ Група луѓе ги попречувала пожарникарите, реагирала и полицијата

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов очекува пожарот набрзо да биде целосно изгаснат

444

Под целосна контрола е пожарот, што избувна попладнево на отворен простор во близина на римскиот аквадукт во Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки и поголема количина на расфрално ѓубре низ опожарениот простор, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов очекува пожарот набрзо да биде целосно изгаснат.






– Екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) веднаш излегоа на терен, но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето -рече Ангелов. 

 

Поврзани содржини