ПОД КОНТРОЛА Е ПОЖАРОТ НАД СКОПСКО РАШТАК Нема опасност по околните објекти

Пожарот изби попладнево, а чадот се гледаше од поголем дел од Скопје. При гаснењето делуваа два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер и пожарникарски тимови од Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување.

116

Пожарот над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора е ставен под контрола, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Досега не е зафатен ниту еден објект и нема опасност по објектите.

Во гаснењето учествуваа пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и тим од Дирекцијата за заштита и спасување, а се делуваше и од воздух со два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.






Пожарот изби попладнево, а чадот се гледаше од поголем дел од Скопје. Додека траеше гаснењето Центарот за управување со кризи извести дека биле зафатени електрични столбови на ЕВН поради што компанијата беше известена и презела мерки за исклучување на електричната енергија во погодениот реон.

 

Поврзани содржини