ПОД КОНТРОЛА Е ОГНЕНАТА СТИХИЈА ВО ОРМАН, ВОЛКОВО, ПАЛАНКА, ДОЈРАН… Тошковски не исклучува сценарио и не е убеден во случајност за сите пожари

Во моментов се истражуваат повеќе наоди за подметнување на пожари близу клучни инфраструктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти. Многу е симптоматично како се неутрализира еден пожар, започнува втор, а како се неутрализира вториот стартува трет пожар. И сите се поврзани со одредена инфраструктура во државата, истакна министерот за внатрешни работи.

365

Под контрола се ставени пожарите во Дојран, Крива Паланка, Орман, Волково, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковки на прес-конференција по завршување на завршување на седницата на Кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава.

Со Кризниот штаб претседаваше премиерот Христијан Мицкоски.






– Денеска е активиран и механизмот за европска помош во справување со пожарите и максимално се ставаат во функција сите капацитети на државата. Во приправност се ставени околу 300 војници, од кои 150 активно беа вклучени на терен, а останатите се во приправност. Околу 400 полициски службеници активно беа вклучени на терен. Од Грција се дадени на испомош два канадери и два пешадиски тимови. Сите владини институции се целосно мобилизирани. Убеден сум дека на крајот, со сето она што го имаме како капацитети, ќе одговориме соодветно на предизвиците и ќе ги победиме огнените стихии кои ја зафатија Македонија, и секако регионот – истакна Тошковски.

Тој се заблагодари на ангажманот на ЦУК, ДЗС, како и на општините.

Тој рече дека Македонија имала исклучително тежок ден во борбата со огнената стихија на 2о локации.

– Причина за распламнување на пожарите во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер кој го имавме во текот на денот. Имаме основи на сомнение дека дел од пожарите се подметнати од човечки фактори. Во моментов се истражуваат повеќе наоди за подметнување на пожари близу клучни инфраструктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти. Не сакам да шпекулирам, но можно е да се работи и за едно поинакво сценарио од она кое би било сценарио на случајност. Многу е симптоматично како се неутрализира еден пожар, започнува втор, а како се неутрализира вториот стартува трет пожар. И сите се поврзани со одредена инфраструктура во државата. Од страна на МВР сум информиран дека се сомневаат дека станува збор за одредено сценарио кое сака да се постигне во Македонија – изјави министерот за внатрешни работи.

Претходно, од Јавното обвинителство известија дека постапуваат во сите случаи каде има индиции дека пожарот бил предизвикан или поврзан со кривично дело.

Поврзани содржини