Под клуч „Мода“ од Свети Николе, сите 830 вработени на тест за корона

Одлуката е донесена по зголемувањето на бројот на заболените од коронавирусот во Свети Николе и препораките од Министерството за здравство и на Општинскиот кризниот штаб.

2,476

Менаџментот на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе реши привремено да престане со работа, а на  сите 830 работнички да се спроведе тестирање за присуството на коронавирусот.

Одлуката е донесена по зголемувањето на бројот на заболените од коронавирусот во Свети Николе и препораките од Министерството за здравство и на Општинскиот кризниот штаб.






Од кризниот штаб соопштуваат дека вкупната бројка до денеска на заболени од ковид-19 во Свети Николе е 79 лица.

Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 51.

Поврзани содржини