ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА Епицентарот бил во Грција, 5 степени по Рихтеровата скала
Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на Македонија.
Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епиценатрот на земјотрес бил во Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 5 степени.