ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ Епицентарот бил во Косово
Земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Послаб земјотрес е почувствуван утрово во Скопје и во други делови од Македонија.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информираат дека утрово во 7 часот и 20 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 километри северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени.
Земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.