ПОЧНУВАМЕ ОД ЛИТВАНИЈА Москва испрати порака до Летонија, Естонија, Украина…
Почнавме од Литванија и јасно е зошто. Литванија е поопасна за Русија во однос на ситуацијата поврзана со регионот Калининград и конфронтацијата со НАТО и САД. Затоа сега Литванија е поважна, но тоа не значи дека тука ќе застанеме, рече Фјодоров.
Предлог-закон за оспорување на независноста на Естонија, Летонија, Литванија и на Украина од страна на Русија тукушто беше поднесен во руската Дума од пратеникот Евгенија Фјодоров. Законот би можел да ја поништи резолуцијата со која поранешниот Советски Сојуз ги има призанено овие републики, а со образложение дека со одлуката бил прекршен тогашниот устав на СССР, пишува Б92.
– Штотуку почнавме од Литванија, и јасно е зошто. Литванија е поопасна за Русија во однос на ситуацијата поврзана со регионот Калининград и конфронтацијата со НАТО и САД. Затоа сега Литванија е поважна, но тоа не значи дека тука ќе застанеме – рече Фјодоров.
Според Фјодоров, неогашниот закон на СССР бил прекршен бидејќи предвидувал посебна посапка за отцепување на регионите Вилнус, Клаипеда и на нуклеарната централа Игналина. Слична ваква постапка би можела да се употреби и за Естонија, Летонија, но и за Украина.
– Постојат голем број аргументи зошто Литванија треба да биде прва на оваа листа. Откако ќе се разработи механизмот, ќе го примениме и на други територии на НАТО, а не само на НАТО. Украина, на пример, исто така илегално го напушти СССР – објасни пратеникот.
Тој додаде дека целта на овие постапки ќе биде да се елиминираат заканите кои доаѓаат од споменатите постсоветски земји, додека признавањето на независноста на поранешните советски републики кои водат мирољубива политика нема да се ревидира.