ПОЧНУВААТ РЕМОНТИ ВО РЕК БИТОЛА, А ГРЕЈНАТА СЕЗОНА САМО ШТО НЕ ПОЧНАЛА Од денеска се обновува Блок 1

По завршувањето на ремонтот на Блок 1, планирани се ремонтни активности и на Блок 2, додека Блок 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември, информираат од АД ЕСМ.

192

ЕСМ соопшти дека денеска започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола, и во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона.

Поради енергетската криза во која се наоѓа земјава и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола ќе се изведува пократко од вообичаениот период.






Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ. Од денеска во погон е ставен РЕК Осломеј, а од 22 септември започнува со работа и ТЕЦ Неготино.

По завршувањето на ремонтот на Блок 1, планирани се ремонтни активности и на Блок 2, додека Блок 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември, информираат од АД ЕСМ.

Поврзани содржини