Почнуваат подготовките за одбележување на 30-годишнината од независноста на државата

342

Владата на денешната седница донесе одлука да отпочнат подготовки за спроведување серија активности по повод 30-годишнината од независноста на Македонија.

– Во насока на организирање на подготовките, согласно стандардите за одбележување значајни годишнини, ќе бидат формирани соодветни работни тела кои треба да ги обезбедат организацијата и спроведувањето на програмските активности за одбележување на 30-годишнината од независноста на Северна Македонија, како еден од најважните и најзначајни датуми и процеси од современата историја на нашата земја – информира владината прес-служба.






На седницата е донесена и одлуката за утврдување на летното сметање на времето кое во 2021 година започнува на 28 март во 2 часот.

Поврзани содржини