ПОЧНУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ВОЕНА РЕГИСТРАЦИЈА НА МАЖИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА Кој ќе одбие може да заврши во притвор

Во врска со трансродовите лица, Бундесверот наведува дека законот се базира на податоци од матичната книга на родените и дека секој што е регистриран како маж во матичната книга мора да се регистрира.

265

Од јануари 2026 година Германија ќе воведе задолжителна воена регистрација, што вклучува пополнување прашалник за способноста, капацитетот и подготвеноста за служење во војската, а самата воена служба сè уште ќе биде доброволна.

Сите мажи на одредена возраст ќе мора да пополнат прашалник што содржи 14 прашања, а Бундесверот ќе ги користи одговорите за да процени кој е заинтересиран за воена служба и кој е способен за служење.






На веб-страницата на германската армија, Бундесверот, исто така, се наведува дека ако некој се обиде да избегне одговарање на прашалникот или намерно даде лажни информации при пополнувањето, прави административен прекршок, за кој може да му се изрече парична казна.

Билд објави дека казната може да биде до 1.000 евра. Секој што нема да се појави на лекарскиот преглед ќе се соочи со последици, вклучително и однесен во центар за регрутација под полициска придружба.

„Доколку регрутот не се појави на испитот за регрутација без основана причина, од полицијата може да се побара да го притвори“, соопшти Министерството за одбрана.

На веб-страницата се наведува дека жените не се обврзани да се регистрираат, но дека имаат право да го сторат тоа доколку сакаат.

Во врска со трансродовите лица, се наведува дека законот се базира на податоци од матичната книга на родените и дека секој што е регистриран како маж во матичната книга мора да се регистрира.

Планирано е првите прашалници да бидат испратени кон средината на јануари.

Министерството за одбрана очекува Бундесверот да контактира со околу 54.000 млади луѓе секој месец.

Министерот за одбрана Борис Писториус рече дека целта е да се модернизираат вооружените сили со нов систем за регрутирање и верува дека ова ќе го зголеми Бундесверот од сегашните 183.000 на 270.000 војници до 2035 година.

Поврзани содржини