Почнува тестирањето на француската апликација „StopCOVID“
Министерот за дигитални прашања, Седрик О. ја претстави апликацијата како клучен елемент на стратегијата на Франција за одбрана од коронавирусот.
Француската „StopCOVID“ апликација за следење на контакти би требало да влезе во фаза на тестирање следната недела, изјави министерот за дигитални прашања, Седрик О.
Тој не кажа кога ќе оди во поширока употреба, но тоа веројатно зависи од резултатите од тестирањето.
– Нема ништо магично во врска со оваа апликација, но не е ни флертување со технологијата. Може да биде корисна само ако е интегрирана во светскиот здравствен систем – изјави францускиот министер за дигитални работи, Седрик О., објави „Reuters“.
Како што рече, свесен е дека довербата во централизирана организација може да направи простор за потенцијално кршење на правата, но дека таква важна работа за здравјето на Французите не би требало да се става во рацете на приватните компании.
Ова е само уште една во низата земји кои се обидуваат да развијат најдобар можен начин за контрола на ширењето на заразата коронавирус.