ПОЧНУВА СПОРТСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР Реконструкцијата на терените и урбаната опрема треба да даде нов лик

Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин, пишува градоначалникот на СКопје велејќи дека со проектот ќе бидат опфатени и спортските терени во Маџир Маало.

553

Кејот на Вардар од утре започнува да добива нов лик!, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во објава во вторникот, 27 јануари. Тој најави дека од денеска, почнува реконструкција на спортските терени, со што, како што вели, овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.

„Вечерва, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, извршивме обиколка на кејот на реката Вардар. Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин“, пишува Ѓорѓиевски.






Градоначалникот вели дека со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата.

Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба, заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. Инвестирањето во спортски терени значи инвестирање во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје.

Ова е само почеток. Нашата визија е да обезбедиме современи и достапни спортски терени во сите општини на град Скопје. Рамномерен развој, еднакви можности и активен живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.

Огромна благодарност до министерот Борко Ристовски за силната поддршка! Скопје се движи напред.
Скопје спортува. Скопје вложува во својата иднина. Најдоброто, доаѓа!“

Поврзани содржини