ПОЧНУВА САЕМОТ ЗА МЕБЕЛ Повеќе од 40 изложувачи ќе претстават 80 брендови за мебел
Саемот за мебел ќе трае до 2 април со работно време од 10 до 20 часот.
Повеќе од 40 директни изложувачи со 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти ќе бидат претставена на годинашниот Саем за мебел, кој се отвора денеска, во Скопје, во комплексот „Борис Трајковски”.
Скопски саем најави дека во монтажни објекти и во внатрешниот простор на комплексот ќе може да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот.
Организрани се и групни посети на Саемот од сите градови од земјава и регионот.
Саемот за мебел ќе трае до 2 април со работно време од 10 до 20 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител.