ПОЧНУВА ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОРЦЕ НИКОЛОВ Еве како ќе се движат граѓаните од околните улици?

Оваа фаза од реконструкцијата предвидува целосно затворање на улицата Орце Николов  до раскрсницата со улицата Франклин Рузвелт.

417

Последна фаза од реконструкцијата на улицата Орце Николов во Дебар Маало почнува утре, а треба да заврши за еден месец, информира Општина Центар.

Проектот на целосна реконструкцијата на улицата опфаќа површина од вкупно 7.182 квадратни метри и чини 64.847.608 денари кои се обезбедени од Буџетот на Општина Центар.






Оваа фаза од реконструкцијата предвидува целосно затворање на улицата Орце Николов  до раскрсницата со улицата Франклин Рузвелт.

– Во овој потег се предвидува затворање на улицата Ѓорѓи Пулевски. Истата улица се предвидува да биде двонасочна и со тоа ќе се овозможи пристапување на жителите со што се забранува паркирање по должина на улицата Ѓорѓи Пулевски и на дел од улицата Благоја Давков.  Се затвора и пристапот преку тротоар до улица Донбас, со тоа што жителтите по истата ќе пристапуваат преку улицата Алберт Ајнштајн. Сите приоди по должинa на улицата се затвораат – појаснуваат од Општина Центар.

Реконструкцијата на оваа собраќајница треба да воведе ред во сообраќајот, да даде хумана димензија и да го врати препознатливиот лик на една од најважните центарски улици, Орце Николов.

– Со стеснувањето на коловозните ленти, системот на паралелно паркирање и воведувањето на физички мерки за ограничувања на улицата, посочуваат од општината, се зголемува безбедноста на одвивање на сообраќајот, а со изведбата на нови тротоари и велосипедски патеки, особено внимание им се посветува на пешаците и велосипедистите – велат од општината.

 

Поврзани содржини