ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДОТ КОН ГРЦИЈА „Рапид Билд“ треба да го изгради до 2027 година

Македонскиот дел од гасоводот е во должина од 67 километар и треба да се поврзе со грчката страна каде што градежните активности ги работи компанијата „Терна“.

124

Министерството за енергетика, операторот на системот за пренос на гас „ Номагас“ и „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаа договорот за изградба на гасоводниот кон Грција.

„Рапид Билд“ ќе треба да го изгради гасоводот за помалку од 2 години, бидејќи  во 2027 година кога треба да биде пуштен во употреба.






Компанијата на вториот тендер понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија.

Сопственикот на „Рапид Билд“, Тони Каранфиловски, рече дека компанијата веќе има искуство во изградбата на магистралните гасоводи низ земјата.

– Она што можеме да ветиме ние како Рапид Билд е тоа дека ќе работиме максимално посветено и квалитетно, со што ќе се обидеме да завршиме пред рокот на изградба – рече Каранфиловски.

Преку проектот, нашата земја ќе има можност да се снабдува и со природен гас и течен природен гас (ЛНГ) од грчките терминали во Ревитуса и Александруполи.

– Очекуваме изградбата да трае 22 месеци, а интерконекторот да биде ставен во функција во 2027. Со тоа, ние ќе имаме алтернативен влез на природен гас, повеќе избор и сигурност во снабдувањето – рече  министерката за енергетика Сања Божиновска.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до три милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Македонскиот дел од гасоводот е во должина од 67 километар и треба да се поврзе со грчката страна каде што градежните активности ги работи компанијата „Терна“.

Вкупната должина на целиот гасовод е 123 километри и тој треба да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас со цел да се диверзифицираат изворите на снабдување со природен гас во земјава.

 

 

Поврзани содржини