Почнува историското судење на мафијашка организација во Италија со повеќе од 20.000 членови
Шеесет и две годишниот обвинител Гратери минал три децении под полициска заштита, а целта му е да испрати повеќе од 450 осомничени членови на мафијашкиот клан во затвор. И тоа под обвинение за припаѓање на криминалната организација која се здобила со богатство преку перење пари, изнуди, киднапирања, трговија со дрога и таканаречените вендети.
По повеќегодишни истражувања, куп докази и стотина осомничени, храбриот антимафијашки обвинител Никола Гратери подготвен е за историска судска битка против „Ндрангета“, најмоќниот мафијашки клан во Италија, пишува The Local.it, пренесува хрватски Индекс.
Во петокот во судот во Рим е одржано прелиминарното сослушување против членовите на „Ндрангета“ во рамките на судењето на мафијашите кое се смета за најголемо од процесот Максипроцесот против Коза Ностра во средината на осумдесетите години од минатиот век.
Шеесет и две годишниот обвинител Гратери минал три децении под полициска заштита, а целта му е да испрати повеќе од 450 осомничени членови на мафијашкиот клан во затвор. И тоа под обвинение за припаѓање на криминалната организација која се здобила со богатство преку перење пари, изнуди, киднапирања, трговија со дрога и таканаречените вендети.
Гратери: Во тек е војна
– Во тек е војна. Тука станува збор за насилство, за смрт – рекол на новинарите по завршувањето на прелиминарното сослушување во Рим Гратери. Тој додал дека станува збор за историско судење, најголемо од Максипроцесот, кој во затвор испрати стотина членови на Коза Ностра. Тоа судење беше одбележано со насилство, а мафијата тогаш го уби познатиот судија Џовани Фалконе, неговата сопруга и тројца полицајци.
Кога ќе заврши прелиминарното сослушување во Рим и кога ќе се изгради посебна судница во Калабрија, судењето ќе се префрли на југот на Италија каде што се очекува дека ќе бидат присутни најмалку 600 адвокати.
Во декември полицијата уапси стотина членови на Ндрангета
На судењето му претходеа апсења на стотина членови на Ндрангета, шефови од повисок и од понизок ранг и „војници“ во операцијата која се случила во декември минатата година. Апсењата се прошириле и во Германија, Бугарија и во Швајцарија, а меѓу уапсените е и поранешниот застапник на парламентот и шеф на градоначалникот на Калабрија.
Ндрангета години наназад се сметала за послаба мафијашка организација во однос на неаполската Камора и сицилијанската Коза Ностра, но во последно време станала најмоќна италијанска криминална организација. Денеска се смета за модерна и застрашувачка мафијашка организација.
Ндрангета е модерна организација
Таа контролира делови на меѓународната мрежа на кокаин со седишта во Њујорк, Колумбија и во Бразил, нејзините членови се занимаваат со градежништво, инвестициски фондови и со погребалната индустрија.
Поради својата жестокост и бруталност од Ндрангета сите стравуваат. Но истовремено таа е многу модерна и ги опслужува европските пазари со тони кокаин – изјавил Гратери.
Во светот има околу 20.000 чланови на Ндрангета
Според податоците на италијанските правосудни власти, во светот има околу 20.000 членови на Ндрангета кои водат бизнис годишно вреден од 59 милијарди евра.
Судењето ќе и зададе сериозен удар на оваа мафијашка организација, но не може, како што тврди криминологот Ана Серги, во целост да го спореди со судењето на Коза Ностра, кое почна во Палермо во 1986 година.
– Во текот на судењето на Коза Ностра паднаа водачите на сите најголеми фамилии, а тука тоа не е случај – изјавила Сеги, професорка на Универзитетот во Есекс.
Мафијата првпат се појавила пред 150 години на Сицилија
Мафијата првпат се појавила пред 150 години на Сицилија, а ширум светот станала популарна благодарение на Холивуд. Со текот на годините се модернизирала и станала многу софистицирана организација.
Но и органите на редот исто така со текот на годините ги усовршиле својте методи и сега дејствуваат интернационално разменувајќи податоци и користејќи ја новата технологија како термалните камери, дронови и сајбернадзорот. Сепак не успеале да ги уништат мафијашките организации, кои според тврдењето на Серги опстојуваат на сите нивоа на власта.
Гратери: Мафијата е дел од италијанското општество
– Мафиите не се надворешни тела на нашето инаку доброфункционирачко општество. Тие се огледало на начинот на којн функционираме – изјавил Гратери и додал дека мафијата е дел од италијанското општество.
– Во секој од на клечи мал Ндрангетис – изјавил Гратери.