📷 ПОЧНУВА ГУЖВАТА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА Продолжениот викенд многу македонски граѓани ќе го поминат во Грција
Интензитетот на сообраќајот на македонско-грчката граница, се очекува да се зголеми уште повеќе во попладневните часови.
На граничните премини на македонско-грчката граница веќе се создаваат подолги колони поради претстојниот продолжен празничен викенд. Многу македонски граѓани кои планираат викендот да го поминат во грчките одморалишта, веќе се на пат. На граничниот премин Богородица уште денеска претпладне има подолга колона од возила. Се очекува интензитетот на сообраќајот на јужната граница да се зголеми уште повеќе во попладневните часови.
В петок на 24 мај се прославува Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј кој е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Додека денеска на 23 мај одмараат сите оние кои се од влашка националност, поради Денот на Власите.