ПОЧНУВА ГЛАСАЊЕТО ВО ВТОРИОТ КРУГ ОД ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Денеска својот глас го даваат болните и затворениците
Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии. Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор
Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата сместени во домовите за стари лица.
Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии. Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.
Изборната кампања за вториот круг од изборите заврши синоќа на полноќ, од кога започна изборниот молк кој ќе трае до утре до 19 часот.
Гласањето започнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.