ПОЧНУВА ДА СЕ БУДИ ЅВЕРОТ ВО МБАПЕ? Французинот се враќа во форма

Реал играше многу добро, многу се подобривме во последните неколку месеци. Чувствувам дека навивачите беа воодушевени по натпреварот, како и ние, изјави Килијан Мбапе.

274

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се осврна на победата над Севиља (4:2) во 18. коло од Ла Лига. Французинот постигна гол и асистенција.

– Реал играше многу добро, многу се подобривме во последните неколку месеци. Чувствувам дека навивачите беа воодушевени по натпреварот, како и ние. Многу работи се променија во тимот од моето доаѓање. Но, како што рече тренерот, адаптацијата е завршена. Се чувствувам одлично, почнав подобро да ги разбирам другите – изјави Французинот за „As“.






Реал Мадрид има 40 бодови и се наоѓа на второто место на табелата во Ла Лига.

Поврзани содржини