Почнува да функционира отворена телефонска линија „ало, пензионерски прашања“
Телефонската линија 02 3213 227 ќе почне да функционира од 4 август и ќе биде отворена за пензионерите секој вторник и четврток од 10 до 12 часот.
Сојузот на здруженија на пензионерите отвора телефонска линија за пензионерите „Ало, пензионерски прашања“ на која двапати неделно, по два часа пензионерите ќе можат да добиваат одговори на нивните прашања.
Телефонската линија 02 3213 227 ќе почне да функционира од 4 август и ќе биде отворена за пензионерите секој вторник и четврток од 10 до 12 часот.
Според сојузот на пензионери на овој начин се потврдува грижата за пензионерите со цел да добијат одговори на нивните психолошко-социолошки и здравствени проблеми, или да остварат обична комуникација со што, како што посочуваат, ќе се потврди значењето на разговорот и вниманието неопходно за луѓето во третата доба.