ПОЧНАА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПОСТИ, ВРЕМЕ Е ЗА ТААН За здраво срце и црн дроб, за подобар вид, против висок притисок и артритис
Денес почнаа Велигденските пости, кои се прилично строги, односно се пости на вода, освен за време на викендите кога е дозволено масло. Како алтернатива за масло, главен на трпезата ќе биде таанот. Патем, освен што со него се прават намази и вкусни преливи за салати, тој има и многу здравствени придобивки.
Велигденскиот пост кој е најдолг и најстрог пост во православната вера, почнува денеска и ќе трае до најголемиот христијански празник Велигден. За време на велигденските пости се пости на вода, а во саботите и неделите е дозволена употреба на масло (освен саботата пред Велигден). Риба се употребува само на Благовештение и Цветници.
Токму затоа, како замена за масло, оние што постат често го употребуваат таанот. Со него и со сок од лимон се прави вкусен прелив за салатите, но може да се јаде и како обичен намаз на кришка леб иако е најубав во комбинација со мед.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.