ПОЧНАА РЕСТРИКЦИИ НА СТРУЈА ВО КОСОВО Ќе се троши само струја од домашно производство

Главна причина за рестрикциите е тоа што КЕДС нема пари да увезува струја.

159

Косовскиот дистрибутерот на електрична енергија (КЕДС) од денеска почнува со рестрикции на струјата во период од два часа за сите корисници на струја.

Како што е соопштено КЕДС добил наредба од Националниот диспечерски центар на Косово бидејќи компанијата веќе нема пари да  купува струја од странство, и ќе се сведе на дистрибуција само на домашна електрична енергија.






„Од утре земјава ќе се снабдува само од локално производство. Ова, бидејќи КЕДС и КЕСКО веќе немаат финансиски средства да номинираат енергија надвор од она што го произведуваат локалните генератори. До оваа состојба дојде поради енормните цени што постојат на меѓународните пазари и неможноста да се покријат трошоците на системот. Тоа значи дека секоја побарувачка на локалното производство е ограничена на неможноста да биде покриена со увоз“, се наведува во соопштението на КЕДС.

Поврзани содржини