ПОЧНАА ПРЕДИЗБОРНИТЕ ПРЕСМЕТКИ Во Драчево искршено стакло на штаб на политичка партија

МВР презема мерки за расчистување на инцидентот што се случил вчера во попладневните часови.

1,342

Неполни два часа откако претседателот на Собранието, Јован Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024, во село Драчево регистриран е инцидент во штаб на една политичка партија.

„На 14.02.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Драчево, скопско, со тврд предмет било оштетено стакло од штаб на една политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – информираат од МВР.

 

Поврзани содржини