ПОЧНАА ИНЦИДЕНТИТЕ СО ПОПИСОТ Некои луѓе одбиваат да се попишат, државата ќе им праќа „преговарачи“

Има многу малку инцидентни случаи, коишто се занемаралив број и првично што ќе направиме е да поразговараме со овие луѓе да им објасниме што е целта на пописот и очекуваме дека нема да има проблем, рече директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

1,219

Населението масовно го прифаќа пописот, а само мал број луѓе ги одбиле попишувачите, рече директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски.

– Мислам дека овој процес ќе биде успешно завршен на крајот и сите ќе се радуваме дека сме го завршиле овој процес по цели 20 години. Има многу малку инцидентни случаи, коишто се занемаралив број и првично што ќе направиме е да поразговараме со овие луѓе да им објасниме што е целта на пописот и очекуваме дека нема да има проблем. Не би сакале во моментот попишувачот да го ставиме во таква ситуација, таму ќе отидат нашите државни инструктори да им објаснат малку подобро и веруваме дека нема да има проблем и во тој дел. Засега се многу малку инциденти случаи и малку на број – рече Симовски.






За првиот ден од пописот директорот рече дека бил исклучително успешен ден, а бројката изнесувала околу 92.000 попишани лица.

Симовски додаде дека сè уште се работи на решавањет на проблемот со интернетот кој предизвика прекин на пописот.

Поврзани содржини