БЕА БРЗИ, СЕ ВАКЦИНИРАА…И ГОТОВО Шведска денеска ги укина сите мерки, 76 отсто „избоцкани“
Со други зборови, нема ограничувања до 3.000 луѓе на јавни собири на отворено, ниту до 300 лица во затворено. Ограничувања нема да има ниту за приватно собирање на луѓе во затворено, кое беше до 50 лица, согласно последните измени од 15 јули. Работодавците ќе имаат полно право да ги викнат работниците назад на работа од своите удобни домови.
И официјално: Шведска ги укинува сите мерки поврзани со пандемијата со коронавирусот, откако 83,6 отсто од возрасните примиле прва, а 76,5 отсто биле целосно вакцинирани, пишува Нова Македонија. Нема ограничувања на јавни или приватни собири, маски или ковид-потврди. Шведска, која ја почна пандемијата „лефтерно“ и без носење на маски, е една од првите земји во светот неофицијално да прогласи крај на пандемијата и има најмала смртност од корона во Европа.
– Ограничувањата што сега ги укинуваме веќе не можат да се оправдаат од гледна точка на јавното здравје. Вакцинираните од денеска начелно можат да живеат како и порано, а невакцинираните ризикуваат сериозни болести – рече Карлсон, додавајќи дека шведските граѓани мора да прифатат дека ковид-19 стана дел од нивниот секојдневен живот.
Со други зборови, нема ограничувања до 3.000 луѓе на јавни собири на отворено, ниту до 300 лица во затворено. Ограничувања нема да има ниту за приватно собирање на луѓе во затворено, кое беше до 50 лица, согласно последните измени од 15 јули. Работодавците ќе имаат полно право да ги викнат работниците назад на работа од своите удобни домови.
Дека мерките ќе бидат укинати се навестуваше уште пред месец дена, кога на прес-конференција министерката за јавно здравје и социјална заштита Лена Халенгрен заедно со директорот на Институтот за јавно здравје ги презентираа позитивните ефекти од вакцинирањето.
Според шведскиот Институт за јавно здравје ситуацијата е ставена под контрола. Единствени за кои ќе важат мерките се луѓето кои ќе доаѓаат или поаѓаа од Шведска со авион па ќе мораат да носат маски во авионот и да направат ПЦР-тест ако сакаат да се возат, пренесува агенцијата Анадолија.
Во меѓувреме, Шведска воведува можност за вакцинирање со трета доза за сите граѓани почнувајќи од денеска. Кампањата за вакцинирање на младите особено на оние од 16 до 18 години интензивно продолжува, а според Карлсон Шведска има најниска смртност од ковид-19 во Европа.