Почна вакцинацијата на лицата со ретки болести
Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести.
Денеска почна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести, информира Министерството за здравство.
Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести. Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична Фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична Фиброза. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2.000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори.