ПОЧНА УПИСОТ НА УКИМ Идните студенти со часови чекаа да поднесат документи на ФИНКИ (ФОТО)

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование.

777

Уште од раните утрински часови можеше да се забележат долги редици пред Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), каде што идните студенти нестрпливо и со часови чекаа да ги остават документите и да ги започнат студиите

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование.






Како и во последниве години, така и оваа, трендот кај младите своите студии да ги запишуваат на ФИНКИ продолжува.

Дека интересот е навистина огромен за студиите на ФИНКИ, деканот на овој факултет проф. д-р Иван Чорбев сподели фотографии на социјалната мрежа Фејсбук со што сакаше да ја долови атмосферата која се случуваше пред оваа наставно-образовна установа.

Поврзани содржини