Со свирежи од автомобилите, транспаренти и знамиња од пред салата “Борис Трајковски” почна третиот протест на ВМРО ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.
Колоната автомобили се движи преку булеварот „Партизански одреди“, а крајна дестинација е Регулаторната комисија за енергетика, каде што ќе заврши протестот.
Ова е трет протест против поскапувањето на струјата, а втор кој ВМРО-ДПМНЕ својот револт го изразува со автомобили. Во минатата недела ВМРО-ДПМНЕ со автомобили ја блокира улицата во центарот на Скопје каде што се наоѓа Регулаторната комисија за енергетика.