Почна судењето за „27 април“, прв сведочи Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

1,801

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието денеска почна со сослушување сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, откако претходното рочиште одржано на 26 август заврши со презентирање на материјалните докази.

Во моментов сведочи Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, а веднаш по него ќе сведочат уште 14 пратеници меѓу кои Трајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димковски, Лилјана Кузмановска, Драган Данев, Панчо Минов, Благоја Деспотовски и други.






Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Поврзани содржини