ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ Францускиот актер призна дека зграпчил жена за бутините, но негира дека ја нападнал

Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје во вторникот пред судот признал дека жената која го обвини за сексуален напад ја зграпчил за бутините, но нагласил дека не станувало збор за напад, додавајќи и дека сите груби коментари ѝ ги упатил поради своето лошо расположение.

94

Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје во вторникот пред судот признал дека жената која го обвини за сексуален напад ја зграпчил за бутините, но нагласил дека не станувало збор за напад, додавајќи и дека сите груби коментари ѝ ги упатил поради своето лошо расположение.

Иконата на француската кинематографија, 76-годишниот Депардје последните години се соочува со сè поголем број обвинувања за сексуално вознемирување. Тој ги отфрли сите обвиненија, а ова е прв случај за кој му се суди.






„Ја фатив за бутовите“, рекол Депардје, првпат признавајќи физички контакт со дизајнерката на филмскиот сет Амели К. и рекол дека тоа не ѝ кажал на полицијата кога го испрашувале.

„Ја фатив за бедрата за да не паднам, бидејќи бев навистина вознемирен поради неа, поради горештината, беше петок при крајот на снимањето и бев многу изморен“, рекол актерот.

Збунет и често отстапувајќи од темата, Депардје пред судот објаснил дека и бил лут на Амели К. поради нејзината работа. Тој рекол дека таа лошо ја извршувала работата, поради што била шокирана, пренесуваат медиумите.

„Не гледам зошто би допирал жена“, изјавил Депардје пред судот, додавајќи дека во тоа време бил толку дебел што некои од работите за кои е обвинет би биле невозможни.

Грдите коментари што ги дал тогаш, не биле упатени лично кон неа, рекол актерот, туку се однесувале на нејзината работа.

Доколку биде прогласен за виновен, Депардје може да се соочи со казна затвор до пет години и парична казна од 75.000 евра.

Судењето, кое се очекува да трае најмалку три дена, првично требаше да се одржи минатиот октомври, но беше одложено поради лошото здравје на Депардје.

Судењето започна во понеделникот.

 

 

Поврзани содржини