Почна средбата на Заев со коалиционите партнери од „Можеме“

847

Почна средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со коалиционите партнери од коалицијата „Можеме“.

Од СДСМ информираа дека во 11.00 часот во седиштето на СДСМ  ќе се  одржи состанок со  коалиционите партнери од коалицијата „Можеме“. По завршувањето на состанокот, во 12.30 часот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе даде изјава за медиуми  пред седиштето на СДСМ.






Средбата се одржува два дена пред лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, закажана за вторник, на која ќе се разговара за датумот на претстојните парламентарни избори.

Поврзани содржини