ПОЧНА САНАЦИЈАТА НА МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО Познати се деталите околу изведбата и проектот

Вредноста на проектот е 24.614.554 денари без ДДВ, рокот на изведба е три месеци, додека под самиот мост е монтирана најсовремена опрема под која 24 часа врши мониторинг и се евидентира секое движење. Работите на мостот не пречат за одвивање на сообраќајот, велат од Јавното претпријатите Државни патишта.

138

Градежните работи за санација на мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите на Велес го изведува Друштвото за градежништво и проектирање „СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ село Бразда Чучер Сандево кое е воведено во работите на 21 март, а рокот на изведба е три месеци, информираат денеска за МИА од ЈПДП.

Вредноста на проектот е 24.614.554 денари без ДДВ.






Тие појаснуваат дека при градежните работи се  третира долниот дел од мостот. Се  поставува нов вид на материјал на столбовите за да се зацврстат, најсовремено решение, третирање на мостот од внатре. Монтирана е најсовремена опрема под самиот мост, која 24 часа  врши мониторинг и се евидентира секое движење. Работите на мостот не пречат  за одвивање на сообраќајот.

Инаку, од 2 март сообраќајот на мостот на Вардар кај Башино Село се одвива по средината на мостот на столбовите кои не се оштетени, сообраќајот од едната и другата страна на мостот се регулира со светлосна сигнализација, со семафор, а брзината е ограничена на 30 километри на час.

Од 3 јануари до 2 март сообраќајот на овој мост беше целосно забранет.

Поврзани содржини