Почна реновирањето на објектите на градинката „Срничка“ во Аеродром

Од Општината додаваат дека е извршена е дезинфекција и дератизација на објектите, како и дека се поставени и безбедносни камери.

697

Деновиве се врши внатрешно и надворешно уредување на објектите на градинката „Срничка“.

– Реновирањето во објектот „Изворче“ опфати повеќе зафати, меѓу кои, менување на електриката, молерисување, комплетно обновување на салата, поправка на ламперијата во ходниците и занималните, хортикултурно уредување на дворовите, како и внатрешно разубавување на просторот – се вели во соопштението од Општина Аеродром.






Оттаму додаваат дека е извршена е дезинфекција и дератизација на објектите, како и дека се поставени и безбедносни камери.

– Реновирањето продолжува и во другите објекти „Чекорче“ и Бамби“. Со реновирањето ќе се подобрат условите за престој на децата, како и условите за работа на вработените – велат од Општината.

Поврзани содржини