ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦИ ВО БРАТИНДОЛ Општина Битола инвестира над 4 милиони денари

Проектот вреден над 4,2 милиони денари опфаќа реконструкција на седум краци, со расчистување, тампонирање и асфалтирање на улиците во селото.

178

Реконструкцијата на неколку улици во селото Братиндол започна денеска, со што локалните власти најавуваат подобрување на инфраструктурата и условите за живот на жителите во ова битолско село.

Како што соопшти Општина Битола, проектот е обезбеден преку вториот повик на Владата преку Министерството за транспорт и е вреден 4.227.303 денари.






Според информациите од општината, ќе се реконструира коловозот на вкупно седум краци во селото. Работите опфаќаат расчистување и ископ на земја, поставување тампониран слој, а потоа и асфалтирање на улиците.

Од општината велат дека ваквите инвестиции се дел од пошироките активности за подобрување на инфраструктурата во руралните средини.

– Со овој проект ќе се подобри комуникацијата и движењето на локалното население во Братиндол. Општина Битола продолжува со инвестиции и во руралните средини, со цел подобрување на условите за живот на сите граѓани – велат од Општината.

Поврзани содржини