Почна производството на руската вакцина против ковид-19

Вакцината се планира да се аплицира во две фази: првично со компонента I и три недели подоцна со компонента II. Според здравствениот оддел, таа шема ќе обезбеди долгорочен имунитет до две години.

623

Русија почна со производство на вакцина против вирусот ковид-19, јавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Русија соопшти дека вакцината што ја разви московскиот институт „Гамалеја“ е прва што се произведува во светот. Треба да биде на пазарот на крајот на месецот. Научници нагласија дека стравуваат дека Москва го ставила националниот престиж пред безбедноста.






Шефот на рускиот Инвестициски фонд, Кирил Дмитриев, потенцира дека 20 држави веќе порачале повеќе од милијарда дози.

Вакцината се планира да се аплицира во две фази: првично со компонента I и три недели подоцна со компонента II. Според здравствениот оддел, таа шема ќе обезбеди долгорочен имунитет до две години.

Поврзани содржини