Почна продажбата на карти за лет во вселената, цената е 450.000 долари

510

Компанијата за вселенски туристички летови „Вирџин галактик“, сопственост на Ричард Бренсон, објави дека ќе пушти во продажба билети за вселенски летови по цена од 450.000 долари по седиште, неколку недели откако Бренсон полета на самиот раб на вселената.

Компанијата веќе продаде околу 600 билети помеѓу 2004 и 2014 година, а тогашната цена беше помеѓу 200.000 и 250.000 долари.






„Вирџин галактик“ на заинтересираните им нуди три опции: купување на едно место, пакет со повеќе седишта, на пример, за парови или за група пријатели и можност за изнајмување на целото летало.

Следниот вселенски лет на „Вирџин галактик“ е закажан за крајот на септември. Станува збор за истражувачки лет со италијанското воено воздухопловство, а се полетува од Ново Мексико.

На 12 јули, Бренсон полета до работ на вселената со голем авион „Virgin Galactica SpaceShip Two“ со вселенскиот ракетен авион „VSS Unity“.

На одредена надморска височина од 15 километри, бродот се оддели од својот носечки авион и започна со суперсонично искачување сѐ до 80 километри во височина, што е висина којашто САД ја определија како граница на вселената.

Патниците тогаш можеа да ги одврзат појасите и да доживеат неколку минути бестежинска состојба и да се восхитуваат на заобленоста на Земјата гледајќи ја низ 12 прозорци од кабината.

VSS Unity потоа слета на пистата во базата Спејспорт Америка во американската сојузна држава Ново Мексико.

 

Поврзани содржини