Почна погребот на патријархот Иринеј, говор ќе одржи и Вучиќ
Во тек е литургијата која ја предводи митрополитот добробосански Христозом, кој беше назначен за заменик-патријарх сè додека не биде избран нов поглавар.
Во храмот Свети Сава во Белград штотуку започна погребната церемонија на која последен поздрав ќе му се испрати на српскиот патријарх Иринеј, кој пред два дена почина како последица од ковид-19.
Во тек е службата која ја предводи митрополитот добробосански Христозом, кој беше назначен за заменик-патријарх сè додека не биде избран нов поглавар.
Како и вчера, телото на патријархот Иринеј е покриено со стакло, а ковчегот е поставен во средината на храмот. Присутни се сите владици и 16 свештеници, но и претставници на други верски заедници, а најавено е да оддржи говор и српскиот претседател Александар Вучиќ.