ПОЧНА ОХРИДСКИОТ МАРАТОН Учесниците ги поздрави и Пендаровски

Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот.

201

Осуммината пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка точно во 10 часот од Свети Наум ја тргнаа на 25 километарската патека „Климе Савин“ во освојување на Охридскиот пливачки маратон 2022 година.

Стартот го означи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој им посака мирни езерски води и успешна трка.






Во категоријата мажи се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годишаното маратонско издание е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот.

За безбедноста на пливачите согласно стандардите на ФИНА се грижат волонтери на Црвениот крст – Охрид.

 

Како покровител на овој спортски настан денеска присуствува и Претседателот Стево Пендаровски.

На стартот на натпреварувачите им посака мирно езеро и успешна трка, нагласувајќи го нивниот придонес во афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон.

Поврзани содржини