Во времето на карантинот луѓето се забавуваат учествувајќи во луди предизвици. Најпрво правеа фустани од перница и прекривачи, а сега се префрлија на ќесите.
Како и во претходниот предизвик со перниците, треба да го искористите она што може да се најде дома и да се обидете барем делумно да се покриете.
Предизвикот со перници бараше носење појас, но со хартиените ќесите тоа не е неопходно. Во овој предизвик се користат пластични и хартиени кеси, што се претворени доста добро во форма на кратки фустани или долги празнични, доколку се комбинирани повеќе ќеси.
Некои се снајдоа и ги користат рачките како прерамки, додека други едноставно го обвиткаа ќесето околу голото тело.
Откако започна трендот, започнаа објавите на Инстаграм, па многу луѓе пребаруваат во своите домови за да го пронајдат вистински материјал.
„Како ви се допаѓа мојот фустан? Колекцијата пролет/лето 2020 година“, напиша една жена.
Некои креации дури се изработени доволно добро за да бидат искористени за прошетка надвор, па можеби некој ќе се реши да го преземе овој предизвик кога ќе престанат мерките за изолација.
ФОТО: Инстаграм