ПОЧНА НАПАДОТ НА ОДЕСА Руската морнарица гранатираше згради на периферијата од градот

Руската морнарица го блокираше градот Одеса, кој се смета за главна стратешка и симболична цел за Русија.

3,710

Властите во најголемото украинско пристаниште Одеса соопштија дека руските поморски сили во Црното Море гранатирале некои станбени згради на периферијата од градот.

Ова е првпат таму да бидат погодени згради. Портпарол на регионалната воена администрација изјави дека нема жртви во нападот.






Руската морнарица го блокираше градот кој се смета за главна стратешка и симболична цел за Русија. Ројтерс, во своја репортажа потсетува дека пред 81 година градот Одеса на истите пристаништа се подгтовувал за напад од Германија.

На Твитер се појавија слики и видеа од жителите на градот кои со вреќи песок прават барикади за се заштитат од руските трупи кои би стапнале во градот.

 

 

Поврзани содржини