ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ПОГОН НА „ЧАГАТАЈ КАБЛО“ ВО СКОПЈЕ Ќе се отворат нови 200 работни места
Премиерот рече дека новиот погон на „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ скопје 1 е конкретен пример како се создава развој.
Со ставањето камен темелник на овој погон, вградуваме уште еден темел на економска доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени успехот неминовно доаѓа, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето на камен темелник на нов погон на турската компанија „Чагатај Кабло“ во индустриската зона Скопје 1.
– Се работи за инвестиција од 6 милиони евра. Ќе се изгради објект од 10.000 квадратни метри и ќесе отворат до 200 работни места или вкупно ќе дојдеме до бројка од 500 работни места кои ќе произведуваат. Ќе се воведат нови технологии и ќе се прошири производството и ќе остане идна вредност што ќе остане овде – рече Мицкоски.
Тој рече дека овој погон е конкретен пример како се создава развој.
– Не со теории туку со конкретни објекти, не со пароли, туку со нови работни места, не со зборови туку со нова хала која се гради. Секој ваков почеток не е добар само за компанијата, тој добар е за националнат економијата за локалната зедница и добар за секој млад човек кој сака да остане овде. Наша цел е да ја направиме Македонија земја на можности во која трудот се исплатува, инвестицијата има смисла и земја во која институциите се партнери на бизнисот, не пречка, туку поддршка. Ние не чекаме инвестиции, ние ги бараме и ги носиме. Ние повикуваме на промени и таквите промени носиме – рече Мицкоски.
Тој потсети на резултатите кои ги постигнува македонската економија растот на економијата од 3,2%, странските инвестиции од 1 милијарда евра, зголемувањето на извозот и растот на индустриското производство.
– Бруто- домашниот производ во првиот квартал од годинава порасна за 3,2 проценти иако многу земји во рамките на ЕУ се во рецесија. Странските директни инвестиции минатата 2024 година стигнаа ниво од 1 милијарда и 255 милиони евра. Извозот во првите 5 месеци од оваа година е 3,15 проценти поголем споредено со истиот период лани. А, индустриското производство, само во мај, бележи раст од 9,4 проценти. Што ќе каже дека во првите два месеци од вториот квартал, април и мај, трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари споредено со истиот период минатата година – рече Мицкоски.
„Чагатај Кабло“ произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.