Почна изградбата на долгонајавуваната брана на реката Отиња

Со проектот е предвидено да се изведе камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри.

1,513

Почна изградбата на браната на реката Отиња во Штип за која ќе бидат потрошени 7,5 милиони евра согласно склучените договори за изведба и надзор. Парите се обезбедени во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за период од 2021 до 2023 година, а рокот на изведба е 2,5 години.

Со проектот е предвидено да се изгради камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри. Браната ќе има опфат од 120 хектари и можност за собирање на три милиони кубни метри вода. Таа ќе се полни од целото сливно подрачје на Отиња, а околу неа ќе има и пешачка патека. Планот предвидува и изградба на викенд населба.






Експропријација на земјиштето е веќе завршена за круната на браната, а во наредниот период ќе заврши и за останатиот дел.  Предвидена е и изградба на мала хидроцентрала, којашто со годините може да ја исплати оваа инвестиција.

–  Плановите не застануваат тука, во втора фаза веднаш по изградбата ќе ја разработуваме и можноста за овој објект да произведува електрична енергија, а со тоа да стане и самоодржлив. Од економски аспект, планираниот проект особено за време на градежната фаза ќе придонесе за проширување на локалната економија, директно преку нови можности за вработување. Се проценува дека околу 200 лица ќе бидат ангажирани за времетраење на градежната фаза – рече премиерот Зоран Заев на настанот по повод почетокот на изградба на браната.

Градоначалникот Сашко Николов рече дека со овој најголем и најзначаен капитален проект.

– Населбите Суитлак и Блок 2.000 конечно ќе се поврзат со улица што ќе поминува по круната на браната, а за нашиот град ќе се отвори нова можност за економски развој и напредок. Изградбата на овој значаен проект значи чиста животна средина, вода и место за рекреација. Иако некои не веруваа нашето присуство денес, потврдува дека го реализираме сонот на штипјани, ја градиме браната Отиња –  рече Николов.

 

Поврзани содржини
na